СДСМ: Со пораката да летуваат дома, Мицкоски им покажува на граѓаните како изгледа изолацијата

t

Мицкоски однапред сака да им покаже на граѓаните како изгледа потполната изолација што нè очекува и да им објасни зошто не можат слободно да патуваат поради неговата политика на стопирање на интеграциите во ЕУ.

Ваква е реакцијата на опозицискиот СДСМ во врска со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски со која ги повика граѓаните да летуваат во земјава ако дотогаш не се надминат метежите на граничните премини настанати од воведувањето на новиот ЕЕС систем за влез и излез од Европската Унија.

„Додека Христијан Мицкоски со владин авион тера одмор во Сплит-Хрватска, ги повика граѓаните да летуваат во Македонија ако не можат да ја поминат границата поради метежот предизвикан од ЕЕС-системот. Истото го правеше и Вучиќ, имаше кампања ‘Летувајте во Србија’, ги повикуваше граѓаните на домашен туризам. Дали постои нешто што Мицкоски не го копира од својата сестринска партија и големиот брат Вучиќ? Ова е директно признание дека неговата антиевропска политика ги затвора границите и им ја краде слободата на граѓаните“, коментираат од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се водат одредени разговори во рамките на Европската Унија за надминување на проблемот што го создаде новиот ЕЕС-систем, но рече дека доколку за граѓаните е проблем каде ќе го поминат својот годишен одмор, тоа да го сторат во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА…

Европската Унија се откажала од идејата на…

(Видео) Пронајден и казнет возачот кој возеше…

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“,…

Студентите во блокада предупредуваат на можни исценирани…

Студентите во блокада, кои победија на предвремените…

ЕВРОПА ПРЕД НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: Цената на…

Цената на природниот гас во Европа денеска,…

Соломоново решение во Израел: Нетанјаху да остане…

Во Израел се отвора можност за голем…