Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи

t

Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето – истакна министертот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

– Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме на овој сериозен предизвик. Забележав и обид темава да се претвори во естрада во соседна Србија, односно естраден пристап, бидејќи се случува голем метеж на граничните премини, особено на копнените – изјави Муцунски.

Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамките на разни шеми на Европската Унија, кои ги опфаќаат земјите од Западен Балкан, при што се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на метежот.

– Очекуваме во летниот период, кога ќе има периоди на зголемен метеж, да се преземат соодветни мерки. Во овој момент официјално никој нема добиено одговор и затоа не можам ништо конкретно да споделам. Но можам потврдам дека имаме разговори, и на највисоко ниво и на техничко-административно ниво, и дека постои подготвеност од земји членки на Европската Унија да покажат флексибилност кон регионот – рече тој.

Министерот оцени дека информациите што се пласираат во јавност се политичка естрада и дека на нив треба да се гледа со голема внимателност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Во тек разговори со земји членки…

Земјите од регионот, заедно со Европската Унија…

Приведени 8 лица, меѓу нив и малолетници:…

На 03.05.2026 во 22:20 часот во Скопје,…

Шок во Карпош: Мајка со новороденче уапсена…

Вчера во 18 часот, полициските службеници од…

Голем пораст на цените на нафтата откако…

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска…

СДСМ: Со пораката да летуваат дома, Мицкоски…

Мицкоски однапред сака да им покаже на…