Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на гостувањето во „24 анализа“, се осврна на состојбата со инфраструктурните проекти, и изградбата на железничката пруга на Коридор 10, при што упати критики кон Владата за доцнењата и нереалните најави.
„Владата најави уште минатата година дека овој проект ќе започне ако не се лажам есента 2025 година, односно до крајот на 2025 година па потоа пролетта 2026 година. Еве веќе ќе влеземе уште малку во лето, а сега најави најавите се дека некаде во 2027 е возможно. Факт е дека владата направи грешка во чекори кога најави дека таков голем проект за којшто нема ниту обезбедено финансирање, ниту обезбедено модел по кој ќе се гради, ниту траса беше обезбедена, потенцираше Бочварски.
Коментирајќи ја работата на Владата, Бочварски рече дека недостигаат нови резултати, а половина од мандатот е поминат и а сè уште сме во најави на некакви проекти коишто би се реализирале но не се реализирани.
Тој нагласи дека тековните активности и реализацијата на проектите се резултат на времето кога на власт беше СДСМ.
„Во моментот се градат проектите коишто ги остави СДСМ, коишто ги започна и ги предаде на оваа влада. Кичево Охрид го предадовме со 84% прогрес, а сега има 91% прогрес, значи тоа се некаде 7% сработено за две години. Градско-Дреново експресниот пат 91% го предадовме, тие дојдоа, го завршија и само 9% сработиле. Меѓутоа отидоа, кажаа дека тие го изградиле. Ние како влада ја донесовме либерализацијата и го отворивме пазарот, во односно на железничкиот сообраќај и сега кога дојде ДПМНЕ на власт, повторно го затвори пазарот. Само ние останавме и Босна и Херцеговина, уште којшто имаме затворен железнички пазар, потенцираше Бочварски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
„Цените се до плафон – мерки од…
„Цените во Македонија со месеци се до…
Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…
Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…
СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…
По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…