Филипче: Македонскиот јазик и идентитет од никого не се загрозени, Мицкоски создава лажна паника
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот.
-Јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во ЕУ потпишан на чист македонски јазик без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички. Во Преспанскиот договор во 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат уште во 77-ма година од Обединетите нации. Во Европската Унија македонскиот јазик е официјално признат во преговарачката рамка. Во Обединети нации сите други меѓународни организации и секако билатерални договори. Македонскиот јазик не е на продажба и тој не е никако загрозен, рече тој.
Според него, премиерот Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот.
-Зошто го прави тоа? Затоа што му треба изговор. Нема ниту една реформа, нема мерки за граѓаните, нема буквално ниту еден резултат. И во исто време, кампања на медиумите под контрола на Орбан против СДСМ затоа што ние ги поддржуваме европските интеграции. Наративот повторно е ист. Предавници. Па сега кога граѓаните ќе го слушнат ова нека се сетат на неговите ветувања дека ќе го укинеше Преспанскиот договор, дека ќе го враќаат името. Толку од предавниците и нивната кампања да се прикажат така. И затоа мора постојано да создаваат вештачки проблеми, да го блокираат европскиот пат и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот. Најсвежиот пример метежот на границите со новата мерка од Европска Унија, рече Филипче.
На новинарско прашање како ќе го искоментира и официјалниот став на Бугарија дека пред 44-та не постоел македонски јазик и нација, тој одговори дека поради нечии размислувања не треба да се чувствуваме поинаку.
-Како вие се чувствувате, како Македонец? Како Бугарија ви го загрозила идентитетот? Еве кажете како ви го загрозила. Дали вие поради нечии размислувања и така натаму се чувствувате поинаку? Значи ако има бугарско малцинство, сосема е различно од македонскиот народ. Ако имаме договор потпишан на македонски јазик од сите земји членки на ЕУ, значи јазикот не е загрозен. Зашто не им ја оставиме историјата нека ја дебатираат историчарите, ние да гледаме во иднината? Престанете со оваа пропаганда. Антиевропска е пропагандата, немојте да ја спроведувате пропагандата, рече тој.
Според него, ако во меѓувреме се отворат преговорите и притоа ништо не е загрозено, и се дојде до европските фондови и продолжиме напред, натаму нека дебатираат историчарите.
-За некои работи не мора да се договориме. Меѓутоа никој од Европа нема да дозволи блокирање на непринципиелна основа. Никој. И тогаш ќе седиме на европската маса со сите европски земји и тогаш сите ќе гледаат. Значи не ширете пропаганда, оваа пропаганда да се идентификуваат внатрешни непријатели, надворешни непријатели е само за да се најде изговор од страна на премиерот за да нема напредок, оцени Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…