Кривични пријави против кочанскиот градоначалник и Александар Андов поради констатиран судир на интереси
Кривични пријави против кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов и директорот на Основното училиште “Никола Карев“, кој истовремено е и претседател на Советот на општина Кочани.
Имено, Советничката група ,,Доста беше“ денес до Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе кривична пријава против градоначалникот и Александар Андов, за како што велат, судир нa интереси во извршувањето на повеќе функции на актуелниот претседател на Советот и неразрешувањето од функцијата директор, од страна на градоначалникот.
Градоначалникот, пак, на прес конференција по онаа на ,,Доста беше“, призна дека веќе ги добил барањата за разрешување на Андов и од советничката група, но и од Државната Комисија за спречување на корупција, но како што кажа, тој побарал од Андов сам да постапи и најави целосна разрешница на случајот во текот на денешниот ден.
ТВ 24 го контактираше и Андов. Прашавме, дали ќе постапи како што предвидува законот? Тој најави оставка од директорската фотелја, но со важност од 10 јуни.
Инаку, обавувањето на две функции истовремено е во спротивност со членот 44 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, констатираше во јануари Антикорупциска. А, според информациите до кои дојде 24, Андов, истовремено извршува повеќе функции, односно, освен овие две, тој истовремено е и претседател на Комисии на совет, Селектор на женската фудбалска репрезентација, претседател на општински фудбалски сојуз, потпретседател на училишен спорт на државно ниво, плус претседател на училишен спорт за истокот, а исто така е и кандидат за претседател на Комитет на Совети – ЗЕЛС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 19-годишник од Кочани, снимал експлицитни видеа…
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани,…
Пронајдена дрога при претрес во Неготино, приведено…
На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино,…
Аларам во Европа: Повеќе од 240 случаи…
Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе…
Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција…
Колку пари може да се заштедат ако…
Тајфун ќе ја погоди Кина: Властите преземаат…
Тајфунот Делфин се очекува да го погоди…