Трамп објави фотографија од шефот на централната банка како паѓа во ѓубре
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави фотографија на својата социјална мрежа на која Џером Пауел, шефот на Федералните резерви (централна банка на САД), паѓа во контејнер за ѓубре.
Сликата прикажува човек кој има огромна сличност со Пауел додека паѓа во ѓубрето, што е само продолжение на навредите на Трамп кон човекот кого јавно го оцрнува веќе една година. Белата куќа ја објави истата слика и на својот официјален X профил.
„„Премногу доцна“ е катастрофа за Америка! Каматните стапки се превисоки!“ напиша Трамп во објава на платформата Truth Social. Федералните резерви сè уште не одговориле на барањето за коментар за оваа изјава. Претседателот веќе некое време се заканува дека ќе го отпушти Пауел. Тој редовно го исмева и навредува затоа што одбива да ги намали каматните стапки до нивото што го бара Трамп. Трамп често повикува на намалување на стапките без многу објаснувања, но во декември изјави за „Волстрит џурнал“ дека тоа би помогнало да се намалат трошоците за сервисирање на националниот долг, кој достигна 38 трилиони долари. „Треба да имаме најниска стапка во светот“, рече претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…