Кац: Судењето на Нетанјаху ја загрозува националната безбедност
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го критикуваше продолжувањето на кривичната постапка против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека тоа го попречува донесувањето одлуки во областа на националната безбедност.
Кац на Икс напиша дека за време на актуелната и чувствителна безбедносна ситуација, Нетанјаху морал да ги прекинува судските рочишта за да прима итни повици од него преку безбедна линија, што го опиша како „штетно за националната безбедност и апсурд што мора да престане“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска одбраната на израелскиот премиер побара од судот дополнително да го скрати денешното вкрстено испрашување, наведувајќи ги неговите итни безбедносни и дипломатски обврски, и тоа да трае од 16 до 18 часот, откако судиите веќе го скратија рочиштето и наредија да трае од 13:30 до 17 часот.
Судот делумно го прифати барањето, наведувајќи дека рочиштето ќе се одржи од 16 до 19 часот.
Од 2020 година, Бенјамин Нетанјаху се соочува со повеќекратни кривични постапки за наводна корупција, измама и кршење на довербата.
Обвиненијата се однесуваат на три одделни случаи, во кои обвинителството го обвинува, меѓу другото, за прифаќање подароци од бизнисмени и обид за влијание врз медиумското известување во негова корист.
Тој ги негира сите обвинувања и тврди дека станува збор за политички мотивиран процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Судењето на Нетанјаху ја загрозува националната…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска…
Белата куќа испрати „приватно“ предупредување до Иран
Белата куќа „приватно“ го предупреди Иран за…
Обама: Нетанјаху и мене ме туркаше во…
Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека…
Европскиот парламент целосно ја поддржува иднината на…
Европскиот парламент целосно ја поддржува иднината на…
Серија семејни драми во Македонија – мајки,…
Македонија повторно е потресена од низа семејни…