Зелен хуман град бара затворање на сите зоолошки во Македонија

t

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ остро реагираше по серијата инциденти на насилство врз животни во скопската зоолошка градина, во кои, според нив, учествувале малолетници. Од здружението алармираат за сериозноста на ваквите појави и повикуваат на системски решенија.

„Деновиве македонската јавност е сведок на повеќе немили настани на насилство кон невини заробени животни, кое се случи во скопската зоолошка градина а најзагрижувачки од се е тоа што главни инстигатори на ова насилство се малолетници, односно деца. Имено, станува збор за два посебни инцидента во кои деца – ученици од основно училиште со камења ги гаѓале заробените слонови и заробениот нилски коњ како и инцидент во кој млада девојка качена до кафезот ги вознемирувала заробените мајмуни. Сето ова претставува типичен пример првенствено за инхерентното насилство кое е вградено, наградувано и пожелно во капитализмот како економски и општествен систем до тој степен до кој не го ни забележуваме (за што доказ е и самото постоење на зоолошка градина како профитабилна форма на забава во која страдаат невини животни во ропство)“, велат од ЗХГ.

Од таму посочија дека Зелен хуман град се залага за итно затворање зоолошките градини во Македонија како места на, како што велат, тортура кон животните и нивна трансформација во центри за конзервација и рехабилитација, со цел суровоста на кафезите и третирањето на животните како предмети за забава да биде заменета со грижа за повредените и напуштените автохтони животни на територијата на Македонија, а граѓаните и најмладите да се поврзат со животни на кои Македонија им е природна животна средина.

„Да се потсетиме, првиот знак за психопатија е токму насилство врз животни, и затоа е нужно рано детектирање од страна на стручни кадри и меѓуинституционална соработка со цел укажување на адекватна помош на ученикот и превенирање на, во најлоша варијанта, инциденти со живото-загрозувачки последици во иднина“, истакнуваат од Зелен хуман град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за уапсениот обезбедувач: Уште еден доказ…

Институциите постапуваат за случајот, законот важи подеднакво…

(Видео и фото) Голем пожар во Визбегово…

Голем пожар во Визбегово – екипите на…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…

Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот…

Уапсен скопјанец, полицијата му нашла нож и…

Вчера во 20:00 часот на подрачјето на…

БУРУ ГО ПОТСЕТИ СКОПЈЕ: КУЛТУРНИТЕ ПРОСТОРИ МОЖЕ…

Во време кога сè почесто се зборува…