Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна фирма“ за лични интереси
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, преку објава на социјалните мрежи сподели подолга анализа за суштината на политиката, нејзината историска улога и начинот на кој денес се перципира во општеството.
Во својот Фејсбук статус, Миноски оценува дека политиката во современи услови најчесто се поврзува со лични, фамилијарни и клановски интереси, наместо со визија за државата и општото добро.
„Политиката денес најчесто ја спомнуваме во негативен контекст како синоним за остварување на лични, фамилијарни или клановски интереси“, пишува Миноски.
Според него, таквата политика се претвора во механизам за контрола и злоупотреба на државните ресурси, при што државата се третира како „приватна фирма“, а главниот мотив станува профитот и задржувањето на моќта.
Во анализата, поранешниот министер се навраќа и на историското сфаќање на политиката, посочувајќи дека уште од времето на Аристотел таа била разбрана како возвишена активност насочена кон создавање подобар живот и уредување на заедницата.
Тој ги споменува и ставовите на Тома Аквински, Николо Макијавели, Џон Лок, Жан Жак Русо и Макс Вебер, преку кои ја објаснува еволуцијата на политичката мисла – од морална обврска и општествен договор, до сфаќањето на политиката како борба за моќ и влијание.
Миноски ја отвора и дилемата дали политиката денес е „уметност на управување со општеството“ или само средство за освојување и задржување на власта.
Според него, одговорот зависи од луѓето што ја практикуваат политиката, нивниот вредносен систем, интегритет, образование, лидерски способности и визија за државата.
„Клучното прашање не е само што претставува политиката, туку и какви се луѓето што ги избираме, затоа што последиците од политиката ги чувствуваме сите“, наведува Миноски во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна…
Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, преку…
Ал Тани: Постои голема веројатност САД и…
Катарскиот премиер и министер за надворешни работи…
Карлсон: Западот профитира од војната во Украина
Американскиот политички коментатор и новинар Такер Карлсон…
Јаневска за неправилностите на универзитетите: Издале диплома…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Нетанјаху бара детали од САД за преговорите…
Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, е во комуникација…