Германија бара нови правила за проширување на Европската Унија
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска се заложи за темелни реформи на Европската Унија и побара начелото на консензус при донесувањето одлуки за надворешнополитички и безбедносни прашања да се замени со мнозинско одлучување, како и да се усвои систем на постепена интеграција на земјите кандидатки во Унијата, пренесе Анадолу.
Во говор во Фондацијата „Конрад Аденауер“, блиска до владејачката Христијанско-демократска унија, шефот на германската дипломатија рече дека Европската Унија „мора темелно да се промени“, пренесоа германските медиуми.
„Најважната полуга за тоа“, според неговите зборови, е „побрзо донесување одлуки со квалификувано мнозинство“.
Тој рече дека Европската Унија мора да стане побрза, затоа што и светот забрзано се менува, и дека „ако Европската Унија не го направи тоа, ќе го направат други, а тогаш ќе настанат и нови формации на држави“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара нови правила за проширување на…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…
Од расправија на социјални мрежи до пукање…
На 5 мај 2026 година, во 18:45…
Меџити: На ВЛЕН му одговараат предвремени избори,…
Коментирајќи ја изјавата на премиерот на земјата…
Левица со предлог-закон во Собрание за целосно…
Во Собранието утре ќе се најде предлог-законот…
Почина спортскиот новинар и коментатор Сами Адеми
Македонската спортска јавност остана без едно од…