Кузеска: Викаат дека сме трета економија во Европа, а граѓаните го отвораат новчаникот и велат имам уште 200 денари, а не е ни половина месец
„Вие сте толку одлепени од јавноста, да ви кажам искрено, што преставници од вашата партија не знаат колку чини синдикалната кошничка. Економијата, парите и финансиите се единствената тема каде што не можеме да ги прелажете граѓаните. Вие велите дека сме трета економија, а тој сега што не гледа, го отвора новчаникот и вика – јас имам уште 200 денари, а не е ни до половина месец. Како ќе му кажете него дека има пари“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во дебата емисија, говорејќи за економската состојба во државата и барањето за повисока минимална плата.
За синдикалните протести и барањата на работниците, Кузеска вели дека од ВМРО-ДПМНЕ постојано говорат за платата на синдикалниот лидер, но не говорат за платите на пратениците кои не се борат за работниците.
-Тој кој што е посилен и кој што е во положба да носи мерки и да се грижи за граѓаните, тој треба тоа да го направи за тие што имаат помалку од него. Вие се занимававте со патните трошоци и се жалевте дека асфалтот ви ги уништува гумите, а граѓаните летаат кога одат до работното место. Такви се нивните автомобили, од асфалтот летаат. Престанете да се занимавате со Заев. Заев не е бегалец, што сте запнале толку? На власт сте 2 години, кажете ги мерките, а не ова е останато од СДСМ. Носете мерки и зборувајте го тоа, па да ја видиме паралелата, кажа Кузеска до пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
„Цените се до плафон – мерки од…
„Цените во Македонија со месеци се до…
Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…
Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…
СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…
По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…