Муцунски ја затвори вратата за уставни измени: „Во овој момент нема услови“

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека Македонија во овој момент не е подготвена за уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот, наведувајќи дека недостига доверба и кредибилитет во процесот.

Муцунски ова го кажа на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава. Тој порача дека Владата во моментов не е подготвена да преземе чекор кон спроведување на уставните измени, бидејќи, како што рече, нема услови за таков процес.

Во однос на билатералните односи со Бугарија, Муцунски рече дека недостигот од дијалог и политичка волја од бугарска страна ја нарушил довербата. Според него, прашањето за уставните измени не може да се разгледува изолирано од гаранциите, предвидливоста и исполнувањето на обврските кон Македонија.

Изјавата доаѓа само еден ден по пораката на евроамбасадорот Михалис Рокас, кој повика на политичко обединување, прагматизам и одлучност за земјата да го направи следниот чекор кон Европската Унија. Рокас оцени дека Македонија е поблиску до членство отколку што често се мисли, но дека клучниот предизвик останува политички.

Уставните измени остануваат главниот услов за отворање на следната фаза од преговорите со Европската Унија. Владата, сепак, инсистира дека нема да влезе во процес без јасна предвидливост и без уверување дека земјата нема повторно да биде соочена со нови билатерални условувања.

Со ова, европскиот процес повторно останува во политичка блокада: Брисел бара финален чекор, Владата бара гаранции, а уставните измени остануваат точката околу која нема потребно двотретинско мнозинство и политички консензус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски ја затвори вратата за уставни измени:…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Се чека на ЕУ за итни мерки,…

Европската Унија неделава треба да објави насоки…

Објавена наводна проштална порака од Џефри Епстин

Еден американски суд го објави наводното проштално…

Мицкоски: Во здравството се пишуваат дежурства за…

Во здравството се пишуваат дежурства за 31…

„Ова не е КОВИД“: Што знаат лекарите…

Во 2018 година, здравствените власти во јужна…