Андреевски: И покрај енергетската криза, државата нема недостаток со нафта и нафтени деривати

t

Митко Андреевски, енергетски експерт во поткастот „Каде се парите“ дискутираше за случувањата на Блискиот Исток и нагласи дека во услови на глобална, светска и економска криза, државата нема недостаток со нафта и нафтени деривати, ниту со природен гас до овој момент, потенцирајќи дека континуирано се врши испорака на нафта.

„Кризата како го погодува целиот свет, а вклучително и Македонија ги чувствува тие ценовни шокови. Иако, за волја на вистината ние не чувствуваме проблем или недостаток со нафта и нафтени деривати, ниту со природен гас до овој момент“, рече енергетскиот експерт Андреевски.

Андреевски истакна дека чекорите кои ги презема Владата за пуштање на продуктоводот за нафтени деривати Солун-Скопје, на нашата држава и дава додадена вредност.

Според него, кога државата се наоѓа во енергетски коридор покрај додадена вредност, дава и сигурност за државата.

„На нашата држава и дава додатна вредност. Јас мислам дека тоа е добар проект, дека продуктоводот треба да се експлоатира до максимум, да се стимулира таа компанија да извезува од нафтените деривати. И сигурност. Секогаш кога се наоѓате како држава во некаков коридор, енергетски, тоа ви дава и додатна вредност и сигурност“, кажа Андреевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…