Мицкоски: Владата вложува во спортот, тоа е иднината на Македонија
Владата вложува во спортот, тоа е иднината на Македонија, изјави денеска премиерот Мицкоски на отворањето на спортските игри за млади. На настанот присуствуваше и министерот за млади и спорт, Борко Ристовски.
– „Навистина прекрасна глетка, ова да се види денеска на плоштадот во Скопје, претставува нешто божествено. Мене ми е чест што сум на првата сезона од „Плазма“ спортските игри за млади, убеден сум дека овие денови, овие недели, овие месеци од вашите животи ќе ги паметите цел живот.
Спортувајте, другарувајте, учете затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија.
Ви благодарам и на вас наставниците, професорите што сте тука, а ние како Влада ќе продолжиме да го подржуваме спортот и да стоиме позади младите. Нека е со среќа и нека е со успех и нека победи подобриот. – рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…
Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…
Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
(Видео) Македонија го има еден од петте…
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…