Лукровски е на боледување, не поднел оставка
Општина Карпош демантира дека градоначалникот Сотир Лукровски пондел оставка. Според официјалниот одговор тој во моментов користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини.
Од таму вела дека општината ќе функционира непречено и во целосен капацитет, а надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.
-Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните. Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски“, велат од Општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…