Објавено на:

Иран: Секогаш кога има решение на маса, Америка влегува во воена авантура

t

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини САД за „безобзирна воена авантура“ токму во моментите кога се бара дипломатско решение за конфликтот. Тој порача дека Иранците никогаш нема да попуштат под притисок.

По вчерашната меѓусебна размена на оган, американската централна команда соопшти дека нивните сили онеспособиле два празни ирански танкери кои се обиделе да ја пробијат американската поморска блокада.

САД тврдат дека Иран извршил „неиспровоциран напад“ со ракети и дронови врз три американски воени брода.

Иран тврди дека САД гаѓале нивен танкер и извршиле воздушни напади врз крајбрежни области, при што се запалил еден товарен брод, а најмалку 10 морнари се повредени.

Бидејќи низ овој премин минува околу 20% од светската нафта и гас, блокадата веќе предизвика скок на цените на енергенсите.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи порача дека иранските напаѓачи претрпеле голема штета и се закани со уште пожестоки напади доколку Техеран не го потпише договорот во најбрз можен рок.

И покрај судирите, Трамп тврди дека примирјето е сè уште на сила за да се овозможат преговори за завршување на војната која САД и Израел ја започнаа во февруари. Се очекува одговорот на Иран на американските предлози да биде доставен во петок.

Додека САД спроведуваат поморска блокада за да го принудат Техеран на нивните услови, Иран одговара со напади врз американските сојузници во Заливот, обвинувајќи го Вашингтон дека користи воена сила за саботажа на дипломатијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран: Секогаш кога има решение на маса,…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…

Сиљановска: Балансерот беше извор на корупција, а…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес изјави дека укинувањето…

Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија со приоритет…

Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај,…

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид е најевтин во државата,…

Иако во јавноста често се перципира како…

Милијарди заработени на облози за нафта поврзани…

Американски и глобални регулатори истражуваат серија сомнителни…