СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“: Да бидеме како Јапонците

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го означи почетокот на шестата национална еко-акција „Генералка викенд“, порачувајќи дека грижата за околината мора да стане секојдневна навика, а не само редок настан.

„Ние граѓаните треба да научиме секој ден да го почнуваме вака, исто како Јапонците – тие најпрвин го чистат своето опкружување, а потоа одат на работа, објави 4news.mk Ова мора да ни стане филозофија на животот“, истакна претседателката за време на официјалното отворање.

Акцијата се спроведува во 80 општини на повеќе од 500 локации низ државата. Годинава, мобилизацијата е на завидно ниво и вклучува:

250 државни институции, училишта и приватни компании.
Во Скопје, главниот фокус беше ставен на чистење на кејот на реката Вардар, на потегот од вливот на Лепенец до мостот „Киро Глигоров“.

Проектот е организиран од „Мен енд Маунтен“ во соработка со општините и Црвениот крст. Поддршката доаѓа од бројни деловни партнери како „Пивара Скопје“, „Пакомак“, „Нула отпад“, „Макстил“, ЕВН и други компании кои се посветени на еколошката одржливост.

Австрискиот амбасадор Мартин Памер, кој редовно учествува во акциите, истакна дека „Генералка викенд“ веќе претставува импресивен македонски бренд кој ја обединува целата земја во чистење на нејзината иднина.

Повикувајќи се на мислата на филозофот Мишел, Сиљановска-Давкова апелираше за итен крај на „војната“ со планетата.

„Мораме да склучиме пријателски договор со Земјата и да ја третираме како рамноправен партнер. Човештвото моментално трча кон самоубиство губејќи ја битката со природата, билките и животните. Мораме да го промениме тој правец“, заклучи таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“: Да бидеме како…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го означи почетокот на…

Иран: Секогаш кога има решение на маса,…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…

Сиљановска: Балансерот беше извор на корупција, а…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес изјави дека укинувањето…

Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија со приоритет…

Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај,…

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид е најевтин во државата,…

Иако во јавноста често се перципира како…