СДСМ: Лукровски се повлекува затоа што не сака да потпишува документи кои можат да отворат лична кривична одговорност
Од СДСМ преку соопштение велат дека „градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски се повлекува затоа што не сака да потпишува документи кои можат да отворат лична кривична одговорност поврзана со новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање на фирми“.
„ВМРО-ОКГ тврди дека не станува збор за оставка и повлекување, туку дека е на боледување. Не можат повеќе да ја сокријат вистината. Ова е уште еден јасен доказ дека целата тендер-коалиција ВМРО-ОКГ и ЗНАМ се распаѓа тотално и на сите нивоа. По пратеникот на ЗНАМ во Собранието и советничката во Прилеп, сега и градоначалникот на ВМРО бега, од одговорност. ЗНАМ – сателитска групација создадена и финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ за растурање на СДСМ, се распаѓа. Луѓето почнуваат да сфаќаат дека ќе бидат соучесници во криминал и дека наскоро ќе мора да одговараат. Членовите на ЗНАМ и ВМРО се свесни дека по падот на Орбан се отвораат сериозни истраги, а дека наскоро и Христијан Мицкоски со својата банда ќе бидат предмет на тие истраги. Од одговорност не може да се побегне. Правдата е неизбежна. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, стои во соопштението на СДСМ.