Зеленски: Ја браниме Украина, ја браниме Европа!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи објави честитка по повод Денот на Европа.
– Денес е Ден на Европа. И Украина го одбележува не формално или преку слогани, туку целосно свесни дека веќе сме неразделен дел од европското семејство. Ја браниме Украина, нашата независност, нашата иднина – и правејќи го тоа, ние во Украина ја браниме нашата Европа. Европа од која Украина беше и ќе остане дел. Од првите денови на целосната војна до денес, Европа застана на страната на Украина. И ова не е милосрдие – тоа е избор направен од Европејците: да застанат на истата страна со храбрите и силните – Украинците кои денес се борат за мир и вистинска заштита од тиранијата, не само за себе, туку и за целиот континент. И ние неизбежно ќе ја браниме нашата држава, нашиот народ и нашето право слободно да ја избереме нашата иднина – иднина во Европа. Слава на Украина! – напиша Зеленски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…