ВМРО-ДПМНЕ: Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев – догматично ги следи чекорите на Заев
Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со овие ставови и неговиот однос кон Македонија, јасно ни е дека Бугарија нема да се помрдне ни милиметар од нивните барања, со тоа што ќе не ветоизира на секое можно поле.
Во ваква ситуација, наместо критика и осуда од македонската опозиција, Венко Филипче втрча во прегратки на Радев и на Бугарија, јасно кажувајќи дека доколку тој дојде на власт би ги направил уставните измени, дека би ги прифатил барањата на официјална Софија и дека нема проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да биде запишано како бугарско, односно дека би биле што би рекол неговиот ментор Заев, еден народ, две држави.
Тоа што Зоран Заев го започна со распродажба на државните и националните интереси, Филипче е спремен да го доврши.
Наместо да се вразумат и да застанат на вистинската, на македонската страна, тие за свои лични интереси се спремни за нови национални предавства, рече Манасиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…
Денес СДС најави протест во Охрид каде…
Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…