Гаши: Идејата за обединета Европа останува најсилна гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани

t

Претседателот на Собранието, Африм Гаши го честираше 9 Мај – Денот на Европа. То јисткана дека во идејата за обединета Европа денеска останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани.

„9 Мај – Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти.

Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани.

Во овој контекст, нагласувам дека проширувањето на Европската унија ја надминува димензијата на политичкиот процес. Тој претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и кохезијата на целиот европски континент.

Република Северна Македонија останува непоколеблива во својата ориентација и стратегија за европската интеграција, демонстрирајќи постојано институционална одговорност, демократска култура и искрена посветеност на реформите, дијалогот и добрососедството. Овој пат е политичка аспирација, но и изразување на нашето длабоко убедување дека иднината на земјата природно е дел на европското семејство.

Собранието на Република Северна Македонија останува посветено на унапредување на демократските реформи, зајакнување на институциите и подобрување на интеграциските процеси, убеден дека европската интеграција претставува гаранција за долгорочна стабилност, демократски развој и благосостојба на нашите граѓани и регионот.

Во духот на 9 Мај, ја реафирмираме вербата дека европската иднина се гради врз солидарноста, довербата и заедничката визија за една посилна, побезбедна и пообединета Европа.

Честит 9 Мај – Денот на Европа!“, напиша Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ