Дал 50 илјади денари за уредување на дворот, но тоа не се случило: Велешанец измамен од 31 годишник од Скопје
Велешанец пријавил 31 годишен скопјанец дека откако му дал 50.000 денари за уредување на дворното место, скопјанецот воопшто не одговарал на повици, ниту ја завршил работата за која му биле однапред дадени парите.
„На 08.05.2026 во 09:15 часот во СВР Велес, 42-годишен велешанец пријавил дека бил измамен за сум од 50.000 денари. Според пријавеното, тој преку социјална мрежа стапил во контакт со В.Б.(31) од Скопје, по што се сретнале и се договориле В.Б. да изврши уредување на неговото дворно место, за што однапред му дал дел од договорената сума. Потоа, во неколку наврати со различни оправдувања В.Б. го избегнувал отпочнувањето на работата, а веќе извесен период воопшто не одговарал на пораките и повиците“, велат од МВР.
Полицијата посочува дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…