Жицницата на Водно останува затворена додека ЈСП и Градот да добијат понуда, цена и временски рок за поправка
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат добиени понудата, цената и временскиот рок за колку би се сработило јавноста ќе биде информирана.
Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски изјави дека безбедноста на граѓаните е приоритет и дека жичницата нема да биде пуштена во употреба додека целосно не се отстранат сите недостатоци.
Тој посочи дека инспекцијата на компанијата која ја изградила жичницата за првпат била извршена по нејзиното поставување и дека биле утврдени бројни проблеми кои бараат сериозен сервис.
Жичницата ќе остане затворена сè додека не се обезбедат услови за безбедно користење од страна на граѓаните.
Градоначалникот се осврна и на проектот за жичница до Детската клиника, посочувајќи дека се водат разговори со Министерството за транспорт и Владата за обезбедување средства за втората фаза од изградбата, на потегот од Козле до Средно Водно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жицницата на Водно останува затворена додека ЈСП…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели…
Дал 50 илјади денари за уредување на…
Велешанец пријавил 31 годишен скопјанец дека откако…
(Видео и фото) Голем пожар во Визбегово…
Голем пожар во Визбегово – екипите на…
Традиционален планинарски марш на Водно за Денот…
Европското движење во Република Северна Македонија го…
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…
Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот…