Крузерот со хантавирус се приближува до Тенерифе, патниците ќе бидат носени со авиони кон своите земји
Шпанските власти потврдија дека крузерот МВ Хондиус, на кој избувна епидемијата со хантавирус, ќе пристигне во Тенерифе утре рано наутро, помеѓу 4 и 6 часот по локално време. Бродот ќе се закотви во пристаништето Гранадиља, каде што се во тек обемни подготовки за безбедност и здравје за една од најсложените операции за евакуација во последните години.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, денес им порача на граѓаните на Тенерифе дека ризикот за населението од хантавирусот е низок и најави дека лично ќе ја надгледува операцијата за лекување на патниците од бродот „MВ Хондиус“, кој треба да пристигне на Тенерифе утре рано наутро.
Во обраќање до населението на Тенерифе, Гебрејесус нагласи дека моменталната ситуација со хантавирусот не може да се спореди со пандемијата на ковид и покрај фактот дека три лица починаа на бродот.
„Ризикот за вас, во вашиот секојдневен живот на Тенерифе, е низок. Тоа е проценката на СЗО, а ние не ја даваме лесно“, истакна шефот на СЗО, додавајќи дека во моментов нема патници на бродот со симптоми.
Тој објасни дека шпанските власти подготвиле детален план според кој патниците ќе бидат префрлени во индустриското пристаниште Гранадиља, далеку од станбените области, а потоа ќе бидат репатрирани директно во нивните матични земји без контакт со локалното население.
Гебрејесус изрази благодарност до шпанскиот премиер Педро Санчез за одлуката да го прифати бродот со речиси 150 луѓе од 23 земји, оценувајќи го како чин на солидарност и морална должност во согласност со Меѓународните здравствени прописи.
„Тенерифе беше избрана затоа што има медицински капацитети, инфраструктура и хуманост потребни за да им помогне на овие луѓе. Вирусот не познава политика ниту граници, а нашата најдобра имунолошка одбрана е солидарноста“, рече шефот на СЗО.
Шпанските власти потврдија дека крузерот МВ Хондиус, на кој избувна епидемијата со хантавирус, ќе пристигне во Тенерифе утре рано наутро, помеѓу 4 и 6 часот по локално време. Бродот ќе се закотви во пристаништето Гранадиља, каде што се во тек обемни подготовки за безбедност и здравје за една од најсложените операции за евакуација во последните години.
Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека истоварувањето на патниците ќе се одвива според строго контролиран план. Патниците ќе го напуштат бродот во групи, а истоварувањето ќе биде дозволено само кога авионот за нивната земја ќе биде подготвен на пистата.
Потврдени се летови за репатријација до Франција, Германија, Белгија, Ирска и Холандија, додека Европската Унија обезбеди два дополнителни авиони за земјите кои немаат свои капацитети за евакуација. Потврдени се и летови до Велика Британија и Соединетите Американски Држави.
Но, загрижувачка е временската прогноза. Според информациите од Тенерифе, операцијата на слетување мора да се изврши многу брзо бидејќи лошо време се приближува кон островите. Доколку бродот не успее да ја заврши операцијата во предвидениот рок, може да биде принуден да ја напушти областа и да не се врати до крајот на мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крузерот со хантавирус се приближува до Тенерифе,…
Шпанските власти потврдија дека крузерот МВ Хондиус,…
„Ова не е уште еден Ковид“: Генералниот…
Шефот на СЗО им пиша на жителите…
Нема регистрирани случаи на хантавирус во Македонија
Нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти…
Шпанската полиција заплени околу 40 тони дрога…
Од рано наутро во понеделник, шпанската полиција…
Санчез постави ултиматум: 48 часа за прекин…
За време на митинг на Социјалистичката работничка…