Доаѓа нов студен бран од вторник
Иако веќе се приближуваме кон средината на мај, Балканот во наредните денови ќе биде погоден од нов продор на постуден воздух кој ќе се спушти од северозапад преку Алпите и значително ќе ги намали температурите.
Според најавите, студениот бран ќе донесе нагло заладување, со пад на температурите од 10 до 15 степени, а локално и повеќе. Освен пониските температури, се очекуваат засилен ветер, врнежи од дожд, а на повисоките планински места можна е и појава на снег.
Во Македонија поголемото заладување се очекува од ноќта кон среда, покажуваат најновите прогнози.
Во периодот од 13 до 17 мај времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо за овој дел од годината. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, а локално се можни и грмежи, што ќе донесе нестабилно време во текот на поголем дел од седмицата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пролетта почнува утре во 16 часот и…
Пролетта почнува утре во 16 часот и…
Студено и сончево, со мала облачност
И денеска утрата се многу студени, а…
Временска прогноза: Променливо облачно, попладне дожд и…
Денес времето во Македонија ќе биде променливо…
УХМР: Денес сончево, од утре повторно дожд…
Денес времето во Македонија ќе биде сончево…
УХМР: Времето денес ќе е суво и…
Во текот на денешниот ден, како и…