Објавено на:

Орбан со порака до Маѓар: Ако не се борите за Унгарија, бриселските бирократи ќе ве прегазат

t

Довчерашниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан испрати порака до новата унгарска влада.

-Новите луѓе мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина – напиша Орбан на социјалната мрежа X.

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, положи заклетва вчера, речиси еден месец откако ја предводеше својата партија Тиса до убедлива победа на изборите и стави крај на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

-Нема да владеам со Унгарија, ќе ѝ служам на мојата земја – рече Маѓар откако положи заклетва во парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…

Голем скандал со истекување на лични податоци…

Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане

В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…

Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…

Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…

Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…