Макрон: Франција никогаш не планирала да испраќа воени бродови во Ормутскиот теснец
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека никогаш не се зборувало за распоредување француски или француско-британски сили во Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека Франција е подготвена да дејствува, но дека нејзин приоритет е слободата на пловидба и крајот на блокадите на меѓународните поморски патишта.
Макрон, според BFM TV, изјавил дека пред неколку дена било одлучено носачот на авиони „Шарл де Гол“, заедно со придружните фрегати и целата воздухопловна и поморска група, да се премести од источниот Медитеран во областа надвор од теснецот Баб ел-Мандеб, во поширок регион блиску до кризните зони. Тој нагласи дека ова не е распоредување во смисла на ескалација, туку за подготвеност на француските сили.
Макрон, како што објави Фигаро, додаде дека ставот на Париз е јасен уште од почетокот на кризата во Ормутскиот теснец и дека се залага за слобода на пловидба, укинување на блокадите и деескалација на тензиите, а воедно повикува на враќање на преговорите за нуклеарните и балистичките прашања во согласност со меѓународното право.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…