Лазаров: Се ќе сториме сѐ да ја оствариме целта, а тоа е пласман на СП
Селекторот Кирил Лазаров ги собра македонските репрезентативци пред баражот против Словачка за пласман на СП 2027.
Првиот меч е на програмата на 14 мај од 19 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот ќе биде на 17 мај од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Селекторот верува во својот тим и во успех, но предупредува дека нѐ очекува тежок бараж.
„Бараж за Светско првенство, без разлика на противникот, ова се одлучувачки натпревари.
Имаме почит кон Словачка, играат повеќе години заедно, имаат добар систем, нема да биде воопшто лесно, за тоа сме свесни. Мора да бидеме максимално дисциплинирани, треба овие три-четири дена да ги искористиме максимално. Верувам во тимот, знаеме што сакаме, млади сме, можеби ни недостига малку повеќе искуство, но ќе сториме сѐ да ја оствариме целта.
Прва задача ни е Прешов, очекувам тежок натпревар, а потоа ќе размислѕваме за ревашот“, изјави селекторот Кирил Лазаров.
На собирот присуствуваше и првиот човек на РФМ, Александар Стефанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо…
Македонскиот ракомет е во жалост по веста…
Данска и Германија ќе се борат за…
Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…
Рускиот патријарх Кирил: Вештачката интелигенција е поопасна…
Државата треба строго да го контролира развојот…
Франција и Германија ќе бидат домаќини на…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…
Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…