Објавено на:

Ал Џезира: Иран бара укинување на санкциите и гаранции за нуклеарен договор

t

Како „реалистичен“ одговор на предлозите на САД за прекин на конфликтот, Иран изрази подготвеност за разговори за прекин на непријателствата во регионот, вклучително и во Либан, за нуклеарната програма, санкциите и безбедноста на Ормутскиот теснец, додека бара јасни меѓународни гаранции и целосно укинување на сите рестриктивни мерки, изјави ирански функционер за Ал Џезира.

Според изворот, иранскиот одговор предвидува и разговори за постигнување договор со Соединетите Американски Држави, додека инсистира на целосно укинување на сите санкции. Се наведува дека Техеран бара јасно дефиниран механизам за укинување на санкциите што би го гарантирала меѓународната заедница, како и цврсти меѓународни гаранции за спроведување на евентуален договор со Вашингтон.

Во одговорот се предлага и разгледување на поширока регионална рамка, вклучувајќи ги безбедносните прашања во Ормутскиот теснец и нуклеарната програма на Иран, со оценка дека преговорите треба да се засноваат на „врховни државни интереси“ и консултации со земјите во регионот. Иранскиот извор оцени дека позитивниот пристап од страна на Соединетите Американски Држави би го забрзал и би го унапредил процесот на преговори.

„Изборот сега е на Вашингтон, а неговата подготвеност да се вклучи во политичкиот реализам ќе биде клучна“, рече истиот извор. Предложениот американски меморандум, кој содржи 14 точки, вклучува посветеност на Иран на мораториум за збогатување на ураниум, а во исто време постепено се укинуваат санкциите на САД и се ослободуваат замрзнатите ирански средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…