Иран предупредува: САД имаат неразумни барања, ние сме подготвени и за борба и за дипломатија
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека стабилноста и безбедноста во регионот се „нарушени“, зборувајќи со новинарите откако Трамп го отфрли одговорот на Техеран на американскиот предлог. Тој рече дека САД сè уште имаат „неразумни барања“, додавајќи дека одговорот на Иран на предлогот на Доналд Трамп, кој Техеран го испрати вчера преку Пакистан, „не бил претеран“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи рече дека Иран ќе одговори воено доколку биде принуден, но дека во исто време ќе ја искористи секоја можност за дипломатски решавање на споровите. „Секогаш кога ќе бидеме принудени да се бориме, ќе се бориме и секогаш кога ќе има простор за дипломатија, ќе ја искористиме таа можност. Сепак, дипломатијата има свои правила. Одлуката ќе се базира на нашите национални интереси, а Иран покажа дека сме посветени на заштитата на интересите на нашиот народ“, рече Багаеи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…