1433 сообраќајни прекршоци за два дена, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно управување на возило
Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило.
Во истиот период одземени се седум возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 176 прекршоци за неправилно паркирање, како и 45 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 15 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и девет пешаци. Исто така санкционирани се 75 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 11 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, по влажни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Сообраќајот во државата се одвива непречено по…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Почнува прославата по повод Денот на албанското…
Поради прославата на Денот на албанското знаме,…
(Видео) Хаос на Клинички во Скопје: Заглавено…
Паркингот и сообраќајот околу клиничкиот центар „Мајка…