Судијка поротничка била во роднинска врска со полномошник на оштетен во предметот за полицајците на „Пулс“, судот одлучи дека нема да ја изземе од судењето

t

И покрај тоа што судијката поротничка Лидија Петровска е во роднинска врска со полномошник на еден од обвинетите, таа останува во советот, затоа што образложила дека нема интензивна комуникација со подалечното семејство.

Кривичниот суд одлучи дека ќе се одржи главна расправа со Петровска, со образложение дека законот предвидува до кој степен на роднински врски е задолжително изземањето.

„На денешната расправа за судењето за полицајците констатирано е дека полномошник на оштетен е сопруг на 4-та братучетка на членот на советот кој постапува по овој предмет. Судијата ја извести В.Д. Претседателката на овој суд, по што одлучено е дека законот предвидува до кој степен сродство е задолжителни изземање, а тоа што судијата извести дека нема интензивна комуникација со подалечната фамилија, ценето е дека истото го поминува и објективниот и субјективниот тест на непристрасност. Обвинетите не побараа изземање“, велат од Кривичниот суд.

Обвинителството на рочиштето потенцираше дека во целост останува кон поднесеното обвинение.

На прашањето од судот за тоа дали е спорно времето и местото на случувањето на настанот, одбраната на обвинетите Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Стојанчо Филипов и Марјан Радевски тврдеше дека за нив целото обвинение е спорно и не можат да се произнесат на одредени околности.

Дел од одбраната вели дека паралелната кривична постапка што се води за предметот кој се суди во судницата во Идризово претставува сериозна процесна пречка и суштинско претходно прашање, имајќи ја предвид природата на делото што им се става на товар на обвинетите.

Во овој предмет обвинети се заменик-началникот на полицијата Дејан Салтировски, Ванчо Георгиевски, вишиот инспектор Марија Маневска, инспекторот за недозволена трговија со дрога Томо Донев, инспекторот за прифат и сменоводител во ОВР Кочани Драган Петрушев, водичот на безбедносен сектор Кире Богатинов, како и Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.

Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијка поротничка била во роднинска врска со…

И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…

„Не ја турнал од балконот, но ја…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…

Окружниот суд во Ерусалим го прифати барањето…

Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето…