Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се наш најголем приоритет
Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата, коридорите 8 и 10 се стратешки за државата од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани.
Мицкоски очекува дека набргу ќе се пушти во употреба преостанатиот дел од автопатот Кичево – Охрид, како и гасоводот што треба да нè поврзе со Грција во првата половина од следната година. Информира и дека неделава ќе се објави и тендерот за гасоводот со Србија.
– Изградба на автопатите, на пругата на Коридорот 8, модернизација на пругата на Коридорот 10, односно брзата пруга. Исто така, и енергетското поврзување преку далноводи. Далноводот кон Албанија го рестартиравме. Со другите соседи сме поврзани на висок напон со далноводи, Србија, Косово, Бугарија и Грција, сега останува Албанија, очекувам и тој проект да биде завршен. Кај поврзувањето со гасната инфраструктура, прилично интензивно се гради гасоводот со Грција, а потоа од оваа недела почнуваме со објавување на тендерот за гасоводот кон Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка. Проектот на нафтоводот, кој со децении ‘рѓосуваше и беше оставен на забот на времето, сега е функционален и служи за транспорт на нафта, односно поврзување на пристаништето Солун со рафинеријата во Скопје – изјави Мицкоски.
Кога сето ова глобално ќе биде завршено, тогаш, потенцира, можеме да кажеме дека сме навистина регионален хаб и оти оттука понатаму ќе се поврзуваат Северна со Јужна Европа, Централна Европа со Медитеранот, Јадранското и Јонското Море со Црното Море. Тоа е таа стратешка предност што ја имаме како држава.
– Како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме овие проекти и јас очекувам дека многу бргу ќе можеме да го пуштиме делот што ќе го поврзува Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот, кој очекувам некаде во првата половина од следната година да ја поврзе нашата земја со јужниот сосед. Сето ова претставува една амбициозна агенда, но нашиот фокус е сериозен, нашата оптика е силно вперена во овие проекти и така ќе продолжиме во периодот што следува – најави премиерот Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се наш…
Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на…
200 милиони евра за Македонија, Албанија и…
Европската Унија испрати порака дека вратите остануваат…
Голем дел од полицајците биле во Пулс…
Обвинетите 13 полицајци во врска со пожарот…
„Левица“: Ни ребаланс не го спасува Буџетот
Фактот што за само четири месеци се…
Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна…