Латвискиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складишта за нафта
Украинскиот министер за одбрана Андриј Сибиха денеска на социјалната мрежа Икс објави дека дроновите се украински и дека влегле во Латвија како резултат на руското електронско војување, кое намерно ги пренасочило украинските дронови од нивните цели во Русија
Андрис Спрудс – министер за одбрана на Латвија / Фото: ФБ-профил на Андрис Спрудс
Латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс поднесе оставка откако во четвртокот два украински дрона долетаа од Русија и погодија складишта за нафта.
Претходно во неделата, латвиската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека антидронските системи не биле доволно брзо распоредени.
За нов министер за одбрана таа го именуваше полковникот на латвиската војска, Раивис Мелнис.
Латвија и Литванија во четвртокот го повикаа НАТО да ја засили противвоздушната одбрана во нивниот регион, откако се случи инцидентот со двата дрона.
Украинскиот министер за одбрана Андриј Сибиха денеска на социјалната мрежа Икс објави дека дроновите се украински и дека влегле во Латвија како резултат на руското електронско војување, кое намерно ги пренасочило украинските дронови од нивните цели во Русија.
Сабиха вели дека, како одговор на инцидентите со дроновите, Украина размислува за испраќање експерти за да помогнат во зајакнувањето на воздушната безбедност над балтичките држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Латвискиот министер за одбрана поднесе оставка откако…
Украинскиот министер за одбрана Андриј Сибиха денеска…
Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати…
Јаневска со зајакнат приправнички испит и со…
По неколкуте случаи на наставници и професори…
Изградбата на Коридор 8 се одложува до…
Рокот за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар…
Во опција се Макрон и Меркел: ЕУ…
Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата…