Новата бугарска министерка за надворешни го почна мандатот со навреди: Не нарече Северномакедонци

t

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова го започна својот мандат со навреди обраќајки се до „северномакедонските колеги“ и изјави дека Северна Македонија треба да се придржува до договореното со Европската унија во 2022 година и да ги преземе неопходните политички чекори за продолжување на евроинтегративниот процес.

Говорејќи во Брисел, каде што учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, Петрова-Чамова посочи дека позицијата на Бугарија повеќе не е билатерално прашање, туку дел од разговорите меѓу ЕУ и земјата кандидат.

„Имавме добра прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Бугарија има јасна позиција, која од 2022 година не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската унија и држава кандидат“, изјави таа.

Според неа, земјите од регионот како Црна Гора и Албанија веќе бележат значителен напредок, додека Северна Македонија ризикува да ја пропушти можноста за напредок во процесот на проширување.

„Овој прозорец за проширување може да се отвори во следните години и ако тие не ја искористат оваа можност, навистина може да загубат“, нагласи бугарската министерка.

Таа додаде дека Софија очекува конкретни чекори од Скопје, кои ќе покажат политичка подготвеност за продолжување на европскиот пат.

Во меѓувреме, македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека е потребно „да се оддалечиме од билатерализацијата на критериумите за пристапување“.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, упати појаснување во врска со наводите на неговата бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, за наводна билатерална средба. Муцунски демантира дека се одржал официјален состанок, посочувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан.

„Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините на настан, во присуство на повеќе колеги. Ако едноминутен разговор се нарекува „средба“, тогаш денес навистина имавме многу „средби“.

Воедно, би сакал да потсетам дека користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ.

Во дипломатијата, прецизноста не е формалност. Таа е одраз на почит.

А, како што и кажав на Весислава, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме средба – во пријателска и позитивна атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина“, стои во објавата на Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…