Објавено на:

Влегол во училиште и го избодел својот другар: Критична е состојбата на момчето избодено со нож во училиште во населбата Ченто

t

Петнаесетгодишното момче, кое вчера беше избодено со нож од свој врсник во основното училиште „25 Мај“ во скопската населба Ченто, се наоѓа во критична состојба. По инцидентот, момчето било веднаш пренесено на скопските клиники каде што била извршена итна хируршка интервенција.

Директорот на Ургентниот центар, д-р Игор Мерџаноски, потврди дека операцијата е завршена, но нагласи дека здравствената состојба на пациентот останува сериозна и дека тој се бори за живот.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), нападот се случил на 11 мај 2026 година во попладневните часови. Полицијата експресно реагирала и го привела сторителот.

Инцидентот се случил околу 14:50 часот во општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба.
Осомничен е 15-годишен малолетник од Скопје.

Малолетникот насилно влегол во училишниот објект и нанесување тешки телесни повреди со остар предмет на свој врсник.

Полициски службеници од СВР Скопје го одзеле предметот со кој е извршен нападот. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тропски бури предизвикаа хаос на Филипините, најмалку…

Најмалку 23 луѓе загинаа, а илјадници беа…

Лишен од слобода битолчанец за предизвикување пожар

На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници…

Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…

Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…

Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40…

Првиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…