ПРОБОДЕНОТО ДЕТЕ ИМА ОШТЕТУВАЊА НА ЦРНИОТ ДРОБ И НА ВЕНА ВО СТОМАКОТ! Повредите се опасни по живот

t

Стабилна, но опасна по живот е состојбата на 14-годишниот ученик кој беше прободен со нож во основното училиште „25 мај“ во скопската населба Ченто.

Директорот на Ургентниот центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Игор Мерџаноски, изнесе детали за здравствената состојба на ученикот кој беше повреден од негов врсник.

– Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и со посекотина на главата. По приемот е извршена компјутерска томографија и лабораториски тестови и итно е префрлен на интензивна нега, каде што е утврдена индикација за итна операција. Пациентот е опериран вчера. Неговата состојба денеска е стабилна, но сепак е во животна опасност. Има оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот – изјави д-р Игор Мерџаноски за ТВ21.

Со соопштение на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од девето одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, пишува во објавата на Стефковски.

Тој додаде дека лицето кое го извршило нападот е обезбедено од страна на МВР.

Стефковски изрази најостра осуда на ваквиот чин.

„Насилството не може да се оправда со ништо. Општина Гази Баба останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во објавата на градоначалникот на Гази Баба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…