Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање
Времето утре ќе биде променливо облачно, а претежно во западните делови од земјата ќе има повремен дожд. Локално се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Во западните делови ќе дува западен ветер, додека долж Повардарието ќе преовладува северен ветер, кој на места повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени. Според прогнозата, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…
Сиљановска: Рекордери сме во уставни измени, уставот…
По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот,…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…
На 11 и 12 години освоија алпски…
Еден месец поминат на Алпите, повеќе искачени…
Израелците денеска гласаат на парламентарни избори, неизвесна…
Граѓаните на Израел денеска излегуваат на парламентарни…