Јакимовски: Карпош е заложник на „в.д. градоначалник“ и политички пазари – ВМРО се брука пред граѓаните!

t

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, во гостувањето на „4ТВ“ упати серија жестоки обвинувања кон актуелната поставеност на локалната власт, нарекувајќи ја ситуацијата во општината „неодржлива“ и „невидена во историјата на државата“.

Според Јакимовски, моменталниот статус на првиот човек на општината е само формален, што директно го кочи развојот на Карпош, објави 4news.mk. Тој тврди дека институцијата не може да функционира со полн капацитет бидејќи клучните лостови на власта се блокирани.

„Ова е чист срам. Актуелниот градоначалник е поставен само за да потпишува средства на жиросметка. Тој нема овластувања да распишува тендери, да нарачува проекти, ниту да менаџира со вработените. Дури и ревизорите и правниците велат дека ваква ситуација досега немало во Македонија“, дециден е Јакимовски.

Јакимовски не штедеше зборови ниту за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во општината, тврдејќи дека победата е резултат на манипулации, а не на волјата на граѓаните.

Јакимовски обвинува за поткуп на гласови, притисоци врз маргинализирани групи и нерегуларности во изборните комисии.

„Четири години опструираа сè – од буџети до програми за вработување. На крајот, на нечесен начин, со затрупување на општината во ѓубре пред изборите, ја зедоа власта за сега да се однесуваат како ‘Алиса во земјата на чудата’“, вели Јакимовски.

Екс-градоначалникот изрази револт што капиталните инвестиции кои ги оставил сега пропаѓаат поради негрижа. Како пример го наведе современото улично осветлување во кое беа вложени над 1,6 милиони евра.

„Платив 1.650.000 евра за комплетно осветлување со софтвер кој во секоја секунда покажува која светилка работи, а која не. Денес слушам граѓани како се жалат на темни улици и преполни контејнери. Општина Карпош не заслужила ваков однос и тактизирање со лажни боледувања“, изјави Јакимовски на 4ТВ.

Тој заклучи дека „чесно кон граѓаните“ е да се прекине оваа агонија и да се излезе на нови избори, бидејќи моменталната локална власт само го троши кредибилитетот на партијата што ја претставува и ја уназадува општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Карпош е заложник на „в.д. градоначалник“…

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, во…

Нов скандал пред Евровизија: евакуирано „евровизиско село“…

Новиот скандал на Евровизија 2026 се случи…

Руте: НАТО ќе им се спротивстави на…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…

Утре променливо облачно време со дожд и…

Времето утре ќе биде променливо облачно, а…

Грк украл 146.600 евра од својот работодавач,…

Во северозападна Грција е уапсен маж кој…