Сведоци: Деко ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите
Во судската постапка за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, пред судот беа прочитани исказите на сведоците Ана Томева и Лина Крстева, бидејќи поради нивната психичка и физичка состојба не беа во можност лично да сведочат. Во сведочењето на Томева се изнесени сериозни наводи за начинот на кој функционирал локалот. Таа тврди дека сопственикот Дејан Јованов вршел постојан притисок врз вработените, а инструкциите често ги пренесувал преку неговиот син Михаил Јованов.
Според исказот, платите на дел од вработените се исплаќале „на рака“, а официјалните фискални сметки биле заменувани со нелегална документација која интерно се нарекувала „црни пари“. Томева навела и дека при најавени инспекциски контроли, вработените и дел од присутните биле терани да се претставуваат како гости за да се прикрие реалната состојба во објектот. Таа зборувала и за лоши хигиенски услови, оштетена водоводна инсталација, како и присуство на лица поврзани со недозволени активности. Во исказот се споменува и повремено присуство на инспектори и полициски службеници во друштво на управата на локалот.
Томева истакнала дека во дискотеката немало соодветни обуки за противпожарна заштита ниту јасни процедури за евакуација во случај на опасност. Сведокот Лина Крстева потврдила дека употребата на пиротехнички средства и сценски ефекти била честа пракса за време на настапите.
Одбраната на обвинетите ги негира сите изнесени тврдења. Михаил Јованов изјавил дека сведочењата се неточни и дека немало неправилности во работењето на локалот. Судскиот процес продолжува со цел да се утврдат сите околности поврзани со една од најтешките трагедии во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци: Деко ги принудувал вработените да кријат…
Во судската постапка за трагичниот пожар во…
Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна…
Марш за ангелите во Кочани: „Наместо одговорност,…
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката…
Одзел туѓ паричник и си трошел пари…
Полицијата поднесе кривична пријава против 50 годишник…
Марш на ангелите во сабота: Да покажеме…
Родителите на починатите деца во кочанската дискотека…