Полицијата трага по лицето кое го чуваше волкот
Откако надлежните институции по извршените проверки утврдија дека заловеното животно од Козле е волк, полицијата трага по местото и лицето кое го чувало.
-СВР Скопје презема мерки за утврдување на локацијата и идентитетот на лицето кое го чувало животното, велат од МВР за Курир.
Според законските прописи, чување диви животни без соодветна дозвола може да донесе сериозни казни, кои во одредени случаи достигнуваат и до 20.000 евра.
Во Законот за заштита на природата јасно е наведено дека е забрането чување и одгледување диви животински видови во несоодветни услови и без соодветни одобренија. Дозволите ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, која проверува дали постојат услови за безбедно и хумано чување на животното.
Волкот беше заловен во вторникот вечерта во скопско Козле по пријава од граѓанин. По заловувањето од страна на вработени од ЗОО Скопје, волкот се наоѓа во 30 дневен карантин во зоолошката градина.
Од ЗОО Скопје информираа дека волкот е млад, но неухранет. Тежи 25 килограми што е недоволна тежина според неговата возраст. Животното ќе биде прочистено од внатрешни и надворешни паразити, а вработените од ЗОО Скопје постојано ја следат неговата состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…