Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада

t

– Белградската полиција приведе возач осомничен за обид за тешко убиство, откако со автомобил се обидел да пробие блокада кај Правниот факултет, каде што секојдневно им се оддава почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека е уапсен М.С. (41), кој со автомобил удрил 90-годишен маж, а одредено му е задржување до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство во обид. Еден студент, учесник во блокадата, бил одведен во полиција на информативен разговор.

Полицијата тврди дека инцидентот се случил „за време на непријавен јавен собир“ и дека по вербална расправија возачот со „опел астра“ ја пробил блокадата движејќи се наназад, при што на пешачки премин удрил и повредил маж роден 1936 година. Според белградските медиуми, повредениот е пренесен во болница со скршеница на бутната коска.

Овој случај е еден во низата слични обиди за пробивање на комеморативните блокади, откако во повеќе наврати возачи влетувале меѓу учесниците. Во тие инциденти неколку демонстранти биле полесно или потешко повредени, а српското правосудство води најмалку уште две постапки за обид за убиство на две студентки и неколку членови на Белградската филхармонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…

Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…

Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…