Маѓар го повикал рускиот амбасадор на разговор поради масовниот напад на Украина
Будимпешта остро го осуди рускиот напад врз Украина, во близина на унгарската граница.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар го повикал рускиот амбасадор Евгениј Станиславов на разговор по масовниот руски напад со дронови и ракети врз Украина, изведен во близина на унгарската граница.
Станиславов денеска претпладне пристигнал во унгарското Министерство за надворешни работи, а зградата ја напуштил по околу половина час.
Маѓар соопштил дека неговата влада остро го осудува рускиот напад врз регионот Закарпатје и најавил дека министерката за надворешни работи Анита Орбан ќе го праша рускиот амбасадор „кога Русија и Владимир Путин конечно планираат да ја завршат оваа крвава војна“.
На реакцијата од Будимпешта одговорил и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на социјалната мрежа X му се заблагодарил на Маѓар за „сочувството и силниот став“.
Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбиниран руски напад со ракети и дронови врз главниот град на Украина, Киев. Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека 20 лица се водат како исчезнати.
Претходниот унгарски премиер, Виктор Орбан постојано ја напаѓаше Украина и ги бранеше ставовите на Русија. Тој во април ги изгуби изборите по 16 години власт. Војната во Украина во февруари влезе во петтата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар го повикал рускиот амбасадор на разговор…
Будимпешта остро го осуди рускиот напад врз…
Борисов и Пеевски останаа без телохранители по…
Бугарскиот претседател Румен Радев донесе одлука за…
(Видео) Вознемирувачки снимки во Белград: Со автомобил…
За време на денешниот 16-минутен молк пред…
Американските медиуми предупредуваат: „Албанија станува најновата нарко-држава…
Со илјадници мртви во најновото разгорување на…
Рокас ја пофали Македонија: Има напредок во…
Има забрзани реформи и поголем напредок од…