Ја чекал да остане сама, па ја избодел со 10 убоди додека спиела – детали за хоророт во Битола
Основното јавно обвинителство во Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен маж, осомничен за кривично дело – убиство при вршење семејно насилство.
Според информациите од Обвинителството, осомничениот утрово ја лишил од живот својата поранешна вонбрачна партнерка, со која имал четири заеднички малолетни деца.
Како што наведуваат од обвинителството, тој претходно се осигурал дека таткото на жртвата не се наоѓа во домот каде што живеела жената, по што влегол во куќата додека таа спиела. Осомничениот се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож по телото, од кои таа починала на лице место.
Од Основното јавно обвинителство посочуваат дека станува збор за квалификувано кривично дело согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик – убиство при вршење семејно насилство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес почесна артилериска стрелба по повод Денот…
На 17 август 2026 година (понеделник), со…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…
Во времето на царот Декиј имаше големо…
Стабилно и топло време со температури до…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…