УСПЕШНО ЗАВРШЕН ПРОЕКТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО Хендикеп плус,, Заедно за инклузивна општина“

t

Во Штип беше претставен завршениот проект „Заедно за инклузивна општина“, на здружението „Хендикеп Плус“ и општина Штип, финансиран во рамки на Бугарската помош за развој, јавува БТА. Целта на проектот е обезбедување на социјални промени во општината, иницирани од лица со попреченост за потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво. Специфичните цели се насочени кон поттикнување на исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост преку нивно активно учество во создавањето и донесувањето одлуки на локално ниво.

Претседателката на здружението Бранкица Димитровска посочи дека ова е уште еден проект на кој „Хендикеп Плус“ работи во рамки на Бугарската помош за развој, при што како резултат на претходните два проекта, општина Крива Паланка стана првата општина во земјата која го адаптирала својот правилник на Брајово писмо и бил формиран Совет за прашања на лица со попреченост.

 

Во општина Штип, покрај правилникот издаден на Брајово писмо и адаптиран за лица со оштетен слух, во рамки на проектот е извршено и мапирање на пристапноста или непристапноста за лицата со попреченост на околу 40 јавни објекти во општината – паркинзи, автобуски превоз, надворешни патеки, лифтови, влезни врати, тоалети, како и постоење на рампи на влезовите на институциите, кои веќе се означени со налепници „пристапно“ или „непристапно“.

Според Виктор Вукановски од кабинетот на градоначалникот на општина Штип, локалната власт е во постојана комуникација со здруженијата на лицата со попреченост, со цел да се утврдат приоритетните проблеми и да се бара решение за нив, а проектот „Заедно за инклузивна општина“ на здружението „Хендикеп Плус“ претставува мотивација за дополнителна соработка меѓу здруженијата на лицата со попреченост и општинските власти.

Ова е еден од проектите што бугарската амбасада во Северна Македонија ги поддржува, бидејќи на лицата со попреченост треба да им се даде можност да придонесуваат кон развојот на општеството, изјави амбасадорот на Бугарија во земјата, Желјазко Радуков.

На веб-страницата на општина Штип веќе е достапна аудио-визуелната презентација на правилникот на општината, придружена со превод на знаковен јазик, а на денешниот завршен настан беше претставен и правилникот издаден на Брајово писмо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…

Поранешниот адвокат на Трамп доби нова функција:…

Американскиот Сенат денеска со тесно мнозинство го…