Русија и Украина разменија воени заробеници
205 Украинци се домa, објави украинскиот претседател Волоидмир Зеленски на Фејсбук.
– Денес, војниците на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000. Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери.
Повеќето од нив беа во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и кај Азовстаљ, во секторите Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми и Киев, како и во нуклеарната централа Чернобил. Им благодарам на сите што работат на враќање на нашите луѓе дома – пред сè, на нашите војници, кои го надополнуваат фондот за размена на Украина и на нашиот тим. Им благодарам на сите партнери кои помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Ќе продолжиме да се бориме за секое лице кое останува во заробеништво. – објави Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…