Објавено на:

Истекоа хемикалии во германска фабрика — 30 луѓе се повредени, двајца се борат за живот

t

Триесет луѓе се повредени, од кои двајца се во критична состојба, по истекување хемикалии во фабрика во Нирнберг, град во германската покраина Баварија, објави „Зидојче цајтунг“.

Еден од настраданите бил реанимиран, а 17 од повредените биле пренесени во болница. Останатите биле згрижени на местото на инцидентот.

Од противпожарната служба соопштија дека компанијата редовно работи со хемикалии. По инцидентот, целиот објект првично бил евакуиран.

Алармот бил активиран во раните попладневни часови, по што на терен излегле професионални пожарникари и доброволни противпожарни единици од околните места.

Спасувачите затекнале сериозна ситуација. Повеќе повредени луѓе морале бргу да бидат извлечени од опасната зона и пренесени на безбедно место, по што им била укажана медицинска помош.

Во интервенцијата учествувале 65 пожарникари, меѓу кои и неколку тимови во заштитна облека за хемиски инциденти. На терен биле и околу 50 болничари, како и повеќе полицајци.

Паралелно со спасувачката операција, итните служби евакуирале околу 70 вработени од објектот.

Полицијата засега не ја започнала истрагата бидејќи зградата сè уште не е достапна. Поради тоа, не е познато како точно дошло до истекувањето, дали хемикалијата протекла од неисправна машина или систем, или пак во инцидентот бил вмешан човечки фактор.

Криминалистичката полиција во Нирнберг се очекува да ја започне истрагата следната недела.

Според првичните информации, немало опасност за населението, бидејќи ослободените супстанции останале во објектот. Во еден момент на местото на инцидентот имало околу 100 припадници на итните служби.

Повредените биле згрижени во болница во Нирнберг, но од болницата не соопштиле детали за тежината на повредите или состојбата на пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…