Објавено на:

Жена и дете повредени откако автомобил излетал од патот кај Делчево

t

На 15.05.2026 во 20:32 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, патничко возило „мазда” со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(53) од с. Нов Истевник, делчевско, на место викано „Курачка мала”, атар на с. Нов Истевник излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната В.А., а со телесни повреди се здобиле нејзиниот 12-годишен син, двајцата од Делчево. Со повреди се здобил и возачот К.Г., констатирани во Медицински центар Штип.

По преземени мерки, полициски службеници кај возачот констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол и кај него биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта. Истиот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…

Во времето на царот Декиј имаше големо…

Стабилно и топло време со температури до…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…