Објавено на:

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици, клоци и со мобилен телефон: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка.

Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканици, клоци и со мобилен телефон. На жената и нанел телесни повреди – рани и хематоми по главата и телото.

На осомничениот од страна на судија на претходна постапка претходно му биле определени мерки на претпазливост за насилство извршено кон неговата мајка и снаа за брат. Последниот настан укажува дека за кратко време тој ги повторува насилничките дејствија, односно манифестирал насилничко однесување и спрема неговата поранешна партнерка. Во исто време, постои ризик од бегство со цел да избегне кривична одговорност за сторените кривични дела, па јавниот обвинител сега од судот побара да определи најстрога мерка – притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…