Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата не е судир со коцкарската индустрија, туку договор со неа

t

Потпретседателот и пратеник на Левица – Реџеп Исмаил (Хактан), на прес-конференција ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека создава „привид“ за справување со коцкарската индустрија, додека суштински не презема мерки што би довеле до вистинско ограничување на секторот. Според Исмаил, предложеното решение со кое објектите за игри на среќа треба да бидат оддалечени 500 метри од училиштата е „половична мерка“ и претставува ПР-стратегија чија цел е да се намали јавниот притисок, без да се нарушат интересите на коцкарското лоби.

„Со ова решение Владата се обидува да нè убеди дека ги спасува малолетниците, додека истовремено остава целосна слобода коцката и понатаму да ги разорува семејствата под товарот на зависноста, сиромаштијата и долговите“, истакна Исмаил.

Тој оцени дека коцкањето не е проблем само за младите, туку претставува „општествен паразит“ кој, како што рече, не создава нова вредност, туку ги извлекува средствата што ги создаваат работниците и нивните семејства“,

На прес-конференцијата, Исмаил посочи и дека голем дел од индустријата за игри на среќа е контролирана од странски капитал, поради што, според него, профитот се изнесува надвор од државата, додека негативните последици остануваат во земјава.

„Мерката за 500 метри оддалеченост само од училиштата не е судир со коцкарската индустрија, туку договор со неа“, порача пратеникот на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…

Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…

Филипче: Мицкоски нема ниту капацитет, ниту познавање,…

Загрижувачка е состојбата со буџетот и финасиите,…

Меџити: Казината се затвораат, на ред се…

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака…

Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…

Касами: Зијадин Села би станал дел од…

Едниот од претседателите на Вреди, Билал Касами…